Брат и сестра се пронашле по 51 година: Биле оставени во торби кога биле бебиња

Неверојатна животна приказна на двајца луѓе со кои судбината си поиграла веднаш по нивното раѓање

Моментот кога брат и сестра, двајцата пронајдени напуштени во идентични торби со црвен кариран дезен, се сретнаа по 50 години, ги расплака сите и ја откри мрачната тајна што нивните родители ја криеле со децении.

Дејвид МекБрајд (58) бил пронајден во торба во 1962 година, додека неговата сестра Хелен Вард (52) ја пронашол возачот на камион во телефонска говорница шест години подоцна.

14 полубраќа

Нивната потрага по корените открила љубовна афера што траела 40 години помеѓу нивниот протестантски татко и католичката мајка, а која траела и за време на крвавите судири во Северна Ирска во 60-тите години на минатиот век. Двајцата учествувале во емисијата на британскиот канал ИТВ „Одамна изгубено семејство, родени без трага“, откако благодарение на ДНК-тестот откриле дека оној другиот постои.

Во текот на потрагата по другите членови на семејството, тие дознале дека имаат и 14 полубраќа од страната на нивниот татко.

Тие откриле и дека нивните родители биле во тајна врска дури 40 години, но дека биле разделени поради религијата. Нивниот татко бил оженет протестант, кој имал 14 деца во бракот со друга жена и живеел во Даблин, додека нивната мајка, која била 17 години помлада од нивниот татко, била католик која во тоа време живеела на подрачјето на Северна Ирска.

Средба во Даблин

Братот и сестрата се сретнале во Даблин, а средбата била проследена и со телевизиски камери.

– Не можам да верувам дека дојде тој ден. Целиот живот го поминуваш надевајќи се, а сега конечно се случува. Не можам да верувам – рекла 52-годишната Хелен, додека нејзиниот брат Дејвид истакнал дека е тажно што полицијата не поврзала два и два, бидејќи тогаш би можеле заедно да пораснат.

Двајцата биле шокирани кога откриле дека биле напуштени на истиот начин, биле посвоени во добри семејства, а имале среќно детство и живот.

– Ова е чудо. Чудно е чувството да седите наспроти своето вистинско семејство. Чудно е и возбудливо да се сретнете со својот брат по 51 година – навела Хелен, пренесува „Дејли мејл“.

За жал, тие никогаш нема да добијат шанса да ги запознаат своите биолошки родители. Нивниот татко починал во 1993 година, додека мајката починала во 2017 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот