Бранѓолица: Доколку граѓаните сметот го одлагаат во пропишаното време контејнерите нема да бидат преполни, апел да не се фрлаат запалливи материи (ВИДЕО)

На повеќе локации на територијата на градот Скопје, граѓаните на јавни површини минатата недела одложиле над 150 стари кревети, триесетина електрични шпорети, околу 100 собни врати, повеќе од 50 тоалетни школки, лавабоа и кади, градежен шут, но и органски отпад – мрши од кучиња, мачки, кокошки, информира денес во Скопски агол, на „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, портпаролката на Комунална хигиена, Ана Марија Бранѓолица.

-Само минатата недела екипите на Комунална хигиена отстранија енормни 500 кубни метри, непрописно депониран отпад, односно надвор од садовите кои што се поставени од претпријатието. Тоа претставува директно кршење на Законот за јавна чистота и подлежи на санкции, но ние немаме инспекциски сектор и не сме во можност да ги казнуваме прекршителите. Затоа апелираме до надлежните инспекциски служби да бидат поажурни во санкционорање на прекршителите, истакна Бранѓолица.

Таа потсети дека во Карпош и во Вардариште граѓаните имаат можност сами или со помош на претпријатието да го депонораат кабастиот отпад. Што се однесува на сликата од преполни контејнери, Бранѓолица вели граѓаните да го почитуваат терминот назначен за одлагање на отпад.

-Доколку сите ги почитуваат насоките, и сметот го одлагаат во пропишаното време, контејнерите нема да бидат преполни. А во спротивно, ако веднаш откако по поминувањето на камионот, се фрла ѓубре, резултатот ќе биде, полни контејнери, вели Бранѓолица и додава дека проблемот со палењето на контејнерите се уште не е надминат.

Апел до граѓаните да не фрлаат во контејнерите запалливи материи.

-Забележани беа случаи кога за време на полициски час веа опожарени контејнери. За тоа веднаш пријавивме, но за казните на прекршителите не би можела да зборувам. Можеме само да апелираме до граѓаните да не фрлаат запалливи материи во контејнерите, и секако да не помислуваат намерно да ги запалат, вели Бранѓолица.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот