БРАН НА ГРИП ВО ГЕРМАНИЈА: Потврдени речиси 80.000 случаи и 130 жртви

Грип/ Фото: Слободен печат архива

Бранот на грип што ја погоди Германија, резултираше со вкупно 79.263 случаи потврдени во лабораториски тестови од есента, а околу половина од нив во изминатите две недели. Тоа го соопшти денеска германската федерална агенција за контрола на болести, јави ДПА.

Според извештајот на Институтот „Роберт Кох” во Берлин, 130 луѓе починале како резултат на инфекција со вирусот на грип оваа сезона. Вкупно речиси 13.300 луѓе се хоспитализирани.

Институтот нагласува дека пријавените случаи биле само дел од сликата.

Во бранот на грип во зимата 2017-18 година, 10 милиони пациенти се јавиле кај своите матични лекари, велат од институтот.

Болниците и училиштата беа главни за ширење на инфекцијата, наведува институтот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот