Бракот може да го спречи развојот на една прилично сериозна болест

Фото: Coconuts

Претходни истражувања покажаа дека среќните бракови имаат низа здравствени предности и придобивки во споредба со самците, вклучувајќи подолг живот, помалку мозочни и срцеви удари, помалку депресија и поздрава исхрана.

Сега нова студија посебно го проучувала нивото на шеќер во крвта кај повозрасни луѓе, откривајќи дека бракот или заедничкиот живот помага во одржувањето на нивото на шеќер под контрола.

Се покажало дека ова е точно без разлика дали врската е среќна или стресна.

Универзитетот на Луксембург и Универзитетот во Отава во Канада ги проучувале податоците од британското „Лонгитудинално истражување за стареење“ (Longitudinal Study of Aging), за 3.335 луѓе на возраст 50 – 89 години кои на почетокот на студијата немале дијабетес.

Студијата вклучувала податоци собрани од примероци од крвта кои го мереле нивото на HbA1c (просечна гликоза во крвта).

Луѓето биле прашани дали имаат сопруг/а или партнер/ка со кој/а живеат, па им биле поставени прашања за нивото на стрес и поддршка во врската. Податоците покажале дека 76 отсто од луѓето со низок шеќер биле во брак или живееле со некого.

Научниците откриле дека квалитетот на врската не влијае значително на просечното ниво на гликоза во крвта, што укажува на тоа дека да се има поддршка или затегнат однос е помалку важно отколку тоа – да се има каква било врска.

„Генерално, нашите резултати сугерираат дека брачните/партнерските односи се обратно поврзани со нивоата на HbA1c без оглед на димензиите на брачната поддршка или стресот“, заклучиле тие.

„Исто така, овие односи, се чини, имаат заштитен ефект против нивоата на HbA1c над прагот за преддијабетес“.

Дијабетесот погодува околу 422 милиони луѓе ширум светот – главно со ниски и средни примања, а најмалку 1,5 милиони годишно умираат како последица на дијабетес, според податоците на Светската здравствена организација (СЗО).

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот