Браќата Тејт во домашен притвор го чекаат судењето

Фото: EPA-EFE/Robert Ghement

Апелациониот суд во Романија ја усвои жалбата на контроверзниот инфлуенсер Ендру Тејт и неговиот брат Тристан и го укина последниот месец од притворот, кој требаше да трае до 29 април. Тие се во домашен притвор и го чекаат судењето.

По тој повод, Тејт на својот Твитер профил напиша дека од минатата година е во 24-часовен карантин и не смеел да седи ниту во дворот од затвоторот.

Одењето во келија долга три метри без електронски уреди или надворешен контакт. Апсолутен мир на умот. Вистински мисли и вистински планови, пишува тој и додава дека откако е еден час во домот не може да го поднесе телефонот.

За крај, тој порача дека мора да го победат „Сатаната“.

Браќата Тејт беа уапсени кон крајот на минатата година под обвинение за силување, трговија со луѓе и формирање организирана криминална група. Тие ги отфрлија сите обвинувања.

Протечените судски документи вклучуваат сведоштва на жртви кои тврдат дека биле принудени да заработуваат 10.000 евра месечно на социјалните мрежи, под закана за физичко насилство.

Од април минатата година кога почна истрагата, обвинителите собраа шест жртви.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот