Браќата Стојановски и Димитријевиќ во трката за најдобар кошаркар

druga.aba-liga.com/Petr Stojanovski

Како што информира федерацијата со цел да дадете свој придонес во изборот на најдобрите, можете да го дадете својот глас на анкетата која е објавена на насловната страница на веб-сајтот на федерацијата.

Номирани во трката за најдобар кошаркар се браќата Војдан и Дамјан Стојановски, и Ненад Димитријевиќ кој ги брани боите на шпанскиот клуб Хувентуд.

Номинирани во трката за најдобра кошаркарка се Александра Стојановска, Анџелика Митрашиновиќ и Ивана Кметовска.

За најдобрите кошаркари и кошаркарки, како и најдобрите млади кошаркари и кошаркарки можете да гласате ТУКА

Номинирани за најдобра машка екипа за 2019 година во сениорска конкуренција се МЗТ Скопје Аеродром, Работнички и Гостивар.

Номинирани за најдобра женска екипа за 2019 година во сениорска конкуренција се Вардар, Бадел 1862 и Струга 2009.

За најдобрите сениорски машки и женски екипи, како и во младинските лиги можете да гласате ТУКА

За најдобрите тренери во машка и женска конкуренција, во младинските лиги, како и за најдобар тренер во странство и најдобар судија можете да гласате ТУКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот