Браќата Чулум поврзани со убиството на бизнисменот од Бања Лука, се дружат и со Огњен Врањеш

Полицијата во Унско-санскиот кантон во вторникот ги уапсила браќата Армин и Нермин Чулум од Сански Мост заради поврзаност со убиството на Славиша Круниќ, бизнисмен од Бања Лука.

Инаку Армин Чулум е познат на полициските агенции ширум Европа, како и неговиот брат Нермин.

Тие се на чело на бајкерската организација „Јунајтед трибјунс“, која германската тајна служба ја прогласила за државната опасност, а во Европа се прогласени за трета најголема опасност по безбедноста.

Оваа група се занимава со криминални работи како трговија со луѓе и проституција.

Познатиот фудбалер Огњен Врањеш, поранешен репрезентативец на БИХ, неодамна објави фотографија на Инстаграм со Нермин Чулум.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот