Брајтвајт: Две години бев во инвалидска количка, а сега играм за Барселона!

фото: твитер

Му се оствари сонот на данскиот фудбалер, потсетување дека овој играч дојде од редовите на Легањес како замена за повредениот Усман Дембеле.

Мартин Брајтвајт потпиша договор со Барселона во трансфер вреден 18 милиони евра, а тој во своето деби против Еибар покажа дека може да биде достојна замена за Дембеле..

Во интервју за шпанските медиуми, не можел да поверува во тоа кога агентот му рекол дека Барса е заинтересирана за него. Тој вели дека станува збор за остварување на сонот после многу пречки што ги имал во животот.

Брајтвајт откри дека како дете имал тешка повреда на бутот што го натерало да помине две години во инвалидска количка и дека ова можеби бил најлошиот период од неговиот живот.

– Морав да бдаим во инвалидска количка две години затоа што имав повреда на бутот. Морав да одморам, не можев да ги истегнам нозете, а за дете кое сака да игра фудбал тоа е нешто најлошо – рече Браитваит, а потоа додаде:

– Кога се видов во огледало со грбот на Барселона, тоа беше неверојатно. Го исполнив мојот сон да играм за клуб како Барселона и ќе го дадам максимумот за да покажам дека клубот не направил грешка што решил да ме донесе во своите редови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот