Брајант се мотивирал така што носел слика со себе од својот противник

инстаграм

Поранешната кошаркарка Сју Бирд откри интересна анегдота поврзана со победничкиот менталитет на трагично загинатата легенда Коби Брајант.

Бирд која работи во администрацијата на Денвер нагетс, за време на Олимписките игри во Пекинг 2008 година како репрезентативка на САД, слободното време најчесто го поминуваше со нејзиниот славен колега и откри колку голем натпреварувач беше Коби Брајант.

Додека бевме на ручек, Коби во весник виде фотографија од Пол Пирс. Го зеде весникот, ја исече сликата од Пирс и ја стави во својот џеб. Само ме погледна и ми рече мотивација – откри Сју Бирд.


Коби Брајант и неговите ЛА Лејкерс во големото финале во 2008 година загубија од Бостон селтикс со 4:2 во пoбеди, а МВП на финалната серија беше Пол Пирс.

Веќе во 2009 година Лејкерси дојдоа до титулата откако во финалето со 4:1 го совладаа Орландо меџик, а во наредната година, Брајант им се одмазди на Бостон и Пирс победувајќи ги во големото финале со 4:3 и очекувано МВП признанието му припадна на Коби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот