Брајан Остин Грин одговори остро на критиките упатени кон неговите синови: Тие знаат кои се, не треба јас да им кажувам!

Profimedia
Profimedia

Брајан Остин Грин мораше да се залага за своите синови откако заработи серија негативни коментари заради една навидум обична фотографија.

Имено, актерот позираше со тројцата синови Ноа Шенон (7), Боди Ренсом (6) и Џорни Ривер (4), кои ги има со Меган Фокс.

Додека многу фанови коментираа какво убаво семејство се, други видоа можност за критика, пишува Today.

„Нешто не е во ред кога се облекуваат и изгледаат како девојчиња“, бил еден од коментарите на фановите.

View this post on Instagram

Target run!!!

A post shared by Brian Austin Green (@brianaustingreen) on

„Библијата вели дека мажите не треба да имаат долга коса како жените“, прокоментирал друг корисник.

„Факт е дека моите момчиња имаат и сакаат долга коса. Според мене тие се убави и секогаш ќе постои можност да ги помешаат со девојки ако носат соодветни панталони и маица. Некои луѓе сакаат момчиња и мажи со долга коса. Некои луѓе не. Двете мислењата се во ред“, подготвено одговори славниот татко.

Но, ова не е првпат Грин да ги брани своите синови од остри коментари. Имено, во 2017 година, кога Ноа, кој во тоа време имал четири години, бил виден во јавноста облечен во фустан, актерот заклучил дека го поддржува.

„Тоа е неговиот живот“, кажал тој во едно интервју за Hollywood Pipeline.

Актерката Меган Фокс, исто така во минатото јавно ја бранеше долгата коса на своите синови.

„Оставив моите деца да носат што сакаат!“, изјавила Фокс за Today и заклучила: „Тие ќе ми кажат кои се. Не е моја работа да ги научам на тоа“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот