Брачна двојка од Русија си изгради пирамида во својот двор како онаа во Гиза, еве зошто (ВИДЕО)

Андреј и Викторија по завршувањето на својата пирамида не планираат тука да застанат. Имено, тие веќе сега праат нацрт за египетски храм во дворот кој со тунел ќе биде поврзан со пирамидата.

Руската брачна двојка Андреј и Викторија Вакхрушева одлучија да си изградат вистинска пирамида на својот имот во селото Истинка покрај Санкт Петербург по примерот на онаа египетската, во Гиза.

Соседите биле прилично изненадени кога го виделе крајот на овој проект, а оваа брачна двојка отсекогаш била фасцинирана од цивилизацијата на древниот Египет.

Андреј и Викторија неколку пати ја посетиле Гиза за, со свои очи да ги видат монументалните пирамиди. По враќањето во својот роден крај одлучиле во сопствениот двор да си направат копија на најголемата Кеопсова пирамида, секако со помали димензии и тоа пред една година.

Сега во нивниот двор се наоѓа пирамида со висина од девет метри со страни со должина од 13 метри.

Комплетниот материјал употребен за нејзината изградба пред се е бетон тежок 400 тони. Ентериерот на пирамидата се уште не е до крај сработен, но и сега е доволно интересен за посетителите кои се подготвени да платат 50 долари за да поминат време во нејзините одаи и да медитираат.

Како и нејзиниот пандан во Гиза и оваа е 19 пати помала и делумно се наоѓа под нивото на земјата (9 метри), а во неа исто така е сместен саркофаг.

Андреј и Викторија по завршувањето на својата пирамида не планираат тука да застанат. Имено, тие веќе сега праат нацрт за египетски храм во дворот кој со тунел ќе биде поврзан со пирамидата.

Нивниот прв сосед Александр Пустошински, ги опиша како „добри соседи“ и дека нивната необична постапка е инспиративен за сите луѓе од селото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот