Голема трагедија: Брачен пар се удавил во езеро обидувајќи се да го спасат своето куче

КУЧЕ
Фото: Unsplash

Трагична судбина доживеа постара двојка во областа Лухан во Мендоза. Нилда Лусија Лараин и Педро Родригез, и двајцата на 67 годишна возраст, ги загубиле животите кога се обиделе да го спасат своето куче од езерото на една фарма.

Телото на жената било извлечено во петокот вечерта, а нејзиниот сопруг во саботата наутро, пренесува „Tiempo de San Juan“.

Последен пат парот бил виден во петокот попладне кога ја напуштиле куќата и се упатиле кон фармата Кочабамба, каде и двајцата работеле.

Сопственикот на фармата го забележал телото на Нилда како плови тој ден навечер во вештачото езеро за наводнување.

Мажот веднаш ја контактирал полицијата, која го извлекла телото на жената, но поради неповолните услови била спречена потрагата по мажот.

Следното утро во водата пронашле тело на маж, како и мртво куче, па се претпоставува дека парот скокнал да го спаси своето милениче, кое најверојатно започнало да се дави.

Министерството за безбедност, за медиумите потврди дека единствената прифатлива теорија во овој случај е дека една од жртвите се лизнала кога се обидела да го извлече кучето, додека другата се обидела да го спаси, па и таа паднала во базенот.

Парот многу го сакаше своето куче, па веруваме дека кога тоа паднало во водата, се обиделе да го извлечат, изјавил извор близок на парот.

На прв поглед не беа забележани лезии на телото на жената, но се очекуваат резултати од обдукција со цел да се утврди официјалната причина за смртта на двајцата сопружници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот