Брачен пар од државен карантин преместен во гостиварската болница, се чекаат резултатите од тестирањето

На состанокот на Кризниот штаб на Гостивар, директорот на гостиварската болница соопшти дека маж и жена, брачна двојка од Струмичко, кои биле сместени во државен карантин во Маврово, се пренесени во болницата.

Мажот се пожалил на симптоми на коронавирусот, поради што, заедно со сопругата се хоспитализирани во болницата „д-р Ферид Мурат“. Жената нема симптоми на Ковид-19 но сепак двајцата биле тестирани.

Неделава во општата болница во Гостивар биле примени 7 пациенти со симптоми на коронавирус, но тестовите излегле негативни.

Се чекаат резултатите од тестирањето на браничниот пар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот