Брачен пар од Добридол починале во ист ден

Амбулантно возило / Фото: Профимедиа

Брачен пар од селото Добридол починале во ист ден, а од првичните сознанија, на нивните тела немало траги на насилство.

Безживотното тело на мажот го пронашол близок роднина, по што повикал и медицинска помош и во меѓувреме ја нашол и роднината во друга соба. Жената била во лоша здравствена состојба и по укажаната помош во гостиварската болница, била препратена за скопските клиники, но по патот починала.

Од СВР Тетово информираат дека вчера околу 15 часот во СВР Тетово било пријавено дека во село Добридол, гостиварско, во сопствениот дом починал М.М.(74) од тоа село, кој живеел со сопругата Е.М.(74). Таа истиот ден починала по приемот во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад”.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

По наредба на јавен обвинител, телата на починатите се пренесени во гостиварската Општа болница Гостивар за утврдување на причината за смртта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот