Брачен пар изваден од под рунатините на шесткатна зграда без знаци за живот

Фото: Балканвеб

Бројката на загинати од страшниот земјотрес во Албанија се искачи на 31, јавува Balkanweb.

Медицинска помош низ болниците во Албанија примаат 657 лица. Денеска во Драч и Тирана е прогласена вонредна состојба.

Најпогодени се Драч и Тумана. Иако постоеја надежи, сепак, нови лоши вести пристигнуваат од Тумана.

Брачниот пар, Плумб и Челике Греку, извадени се од под шесткатната зграда каде што живееле. По 24 часа потрага тие се извадени без знаци на живот. И нивниот син, Саимир Греку, кој што од руините бип изваден жив, за жал починал во болница.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот