Божиќна честитка од Сојузот на Македонците со исламска религија

profimedia
Фото: Профимедиа

Христовото раѓање е голем и светол настан за човековиот род, поттик за надеж и верба во животот, љубов и радост во секој дом. ХРИСТОС СЕ РОДИ, се наведува во честитката.

Претседателот на Сојузот на Македонците со исламска религија, Латиф Пајкоски, од свое и од име на Сојузот, упати честитки до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и до православните верници по повод големиот христијански празник Рождество Христово – Божик.

– Дозволете ми од мое лично име и од име на Сојузот на Македонците со исламска религија, на членовите на Синодот, на ценетото свештенство и монаштво, како и на сите православни верници во Република Македонија, да Ви го честитам големиот христијански празник Рождество Христово – Божик – стои во честитката.

Се посочува дека во духот на христијанството, Божиќ е најголемиот и најрадосниот христијански празник, празник на светлината, надежта и спасението.

-Христовото раѓање е голем и светол настан за човековиот род, поттик за надеж и верба во животот, љубов и радост во секој дом. ХРИСТОС СЕ РОДИ, се наведува во честитката.

Празничните денови, се посочува, нека донесат радост, здравје, мир и спокој во секое семејство, насочувајќи не кон разбирање, проштевање и добра волја, како и желба за постојан напредок на заедницата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот