Божиќен „подарок“ за Интер, Барса се фокусира на „Ел Класико“!

twitter.com/Inter_en

На Интер му е „потребен“ триумф, во групата „Ф“ Барса е сигурно првопласирана со моментни 11 бодови, пред Интер кој има седум, колку и Борусија Дортмуна на третата позиција, а на дното ќе остане Славија Прага (два).

Играчите на Конте можат во осминафиналето и со бод, но само доколку не триумфира бундеслигашот пред своите навивачи над Чесите.

Се најавува дека во Милано нема да дојдат Пике, Меси, Суарез, Бускетс, Серхи Роберто, Алба, Семедо и Тер Штеген. На тој начин Барса би можела да им го олесни патот на „неро-аѕурите“ на патот кон елиминациската фаза.

Во оваа група Интер сè има во своите раце, доколку триумфира против Барселона, ќе биде второпласиран, без разлика како ќе заврши дуелот меѓу Борусија Дортмунд и Славија Прага.

Валверде секако свесен дека Барса е сигурно прва во групата, нема да ризикува и ќе ги одмора најдобрите.

Според италијанските медиуми можно е силите да ги задржи за традиционалното „Ел Класико“ против Реал Мадрид на „Камп Ноу“ на 18 декември, што е многу важна битка за титулата во „Ла Лига“. Пред тој дуел Каталонците имаат уште еден меч во шпанскиот шампионат на гости кај незгодниот Реал Сосиедад на 14 декември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот