„Боже поможи“: Најџел Фараж исплашен од албанската прослава на улиците на Лондон

Фото: твитер/принтскрин

Илјадници Албанци минатата ноќ излегоа на улиците на Лондон за да го прослават Денот на знамето – празникот на независноста на нивната земја. На бројните снимки од центарот на Лондон се гледаат луѓе во скапи автомобили како веат албански знамиња, додека полицајците се трудат да го регулираат сообраќајот

„Полицијата е известена дека на одредени патишта се собира поголема група возила. Нашите припадници веднаш излегле на терен со цел да се минимизира можноста за нарушување на сообраќајот“, се вели во соопштението на полицијата. Оттаму додаваат дека при полициската акција е приведено едно лице.

Додека мажите во автомобили свиреа и дрифтаа, девојчиња во народни носии изведуваа традиционални народни ора, а беа фрлани и петарди. Видеата и фотографиите на социјалните мрежи предизвикаа бурни реакции кај другите лондончани“, пишува „Дејли мејл“.

„Албанците во Лондон кои го славеа Денот на независноста себично ги блокираа плоштадите Странд и Трафалгар додека луѓето го напуштаа киното во 22 часот“, се налути еден корисник на Твитер.

Свој коментар даде и Најџел Фараж, британскиот десничарски политичар и еден од најжестоките поддржувачи на Брегзит. „Ова се случуваше синоќа во Лондон. Господ нека ни е напомош“, напиша Фараж на Твитер.

Албанците кои во Британија влегле како илегални имигранти се жешка политичка тема во земјата деновиве. Денеска властите објавија дека државата ќе ги следи сите баратели на азил од земји кои се сметаат за безбедни, вклучително и од Албанија и ќе ги отстрани што е можно поскоро. Ова е новата стратегија што Велика Британија ќе ја спроведе за сузбивање на имиграцијата.

Британски „Тајмс“ пишува дека министерката за внатрешни работи Суела Брејврмен се обидува да ја оживее листата на таканаречени „безбедни“ земји, за граѓаните чии барања за азил генерално се сметаат за неосновани. Ако барањето биде одбиено, имигрантите нема да имаат право на жалба. Друга опција за која се смета дека се разгледува е да се одбие влезот на сите машки баратели на азил од земјите на двете листи и да се третираат нивните барања како „очигледно неосновани“, но да се дозволи барањата на жените и децата од тие земји да напредуваат нормално. Во текот на оваа година, во Британија илегално стигнале повеќе од 12.000 Албанци.

На сегашната „бела листа“ на британските власти се земјите на ЕУ и Албанија, С.Македонија, Молдавија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Јужна Африка, Индија, Монголија, Јужна Кореја и некои јужноамерикански земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот