#BottleCapChallenge како што само Мараја Кери умее (ВИДЕО)

мараја кери

Мараја Кери веќе две децении ја воодушевува публиката со својот неверојатен глас, кој има распон од пет октави.

За споредба, Адел има распон од две октави и три ноти, Кристина Агилера четири октави, а Лара Фабијан во живо пее со распон од три октави. Со ова, Мараја Кери одамна е влезена во Гинисовата книга.

Иако кариерата во овој момент не ѝ оди по нагорна линија, таа реши на уникатен начин да го прифати популарниот #BottleCapChallenge во кој луѓето низ светот се снимаат како отвораат шише со удар од нога.

Многумина сметаат дека се работи за монтирано видео, но Мараја не се грижеше многу за тоа и објави како го изведува овој предизвик со помош на својот уникатен глас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот