Ботас најдобар во Јапонија, нова титула за Мерцедес

twitter.com/UGalerias

Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас триумфираше денеска во трката од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Јапонија, а неговата екипа ја освои шестата титула кај конструкторите.

Ботас ја оствари шестата победа во кариерата, трета оваа сезона, а прва на патеката „Сузука“. Поради тајфунот „Хагибис“ саботните квалификации беа одложени за в недела, па така во еден ден беа одржани и борбата за пол позиција и главната трка.

Второто место го освои возачот на Ферари, Себастијан Фетел кој стартуваше од пол позицијата, додека трет беше актуелниот шампион, возачот на Мерцедес Луис Хамилтон. Британецот освои и додатен бод за најбрз круг на трката.

Редоследно од четвртата до 10 позиција се најдоа Александар Албон (Ред Бул), Карлос Сајнц (Мекларен), Шарл Леклер (Ферари), Даниел Рикардо (Рено), Пјер Гасли (Торо Росо), Нико Хулкенберг (Рено) и Ленс Строл (Рејсинг Поинт-БВТ Мерцедес).

На четири трки до крајот на сезоната Хамилтон води со 338 бодови, пред Ботас (273) и Леклер (223).

Наредната трка ќе се вози на 27 октомври за Големата награда на Мексико.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот