Ботас ќе стартува прв на утрешната трка во Кина

фото: EPA-EFE/WU HONG

Возачите на Мерцедес доминираа утрово во квалификациите за Големата награда на Кина. Пол позицијата на крајот ја освои Валтери Ботас, додека Луис Хамилтон заврши втор пред возачите на Ферари.

Од самиот почеток на квалификациите Мерцедес покажа доминација на патеката. Имено, од овој тим пред големата награда на Кина упорно тврдеа дека Ферари ќе доминира затоа што се побрзи на патека со помалку свиоци, а потоа приредија изненадување.

Ботас и Хамилтон имаа одлично темпо од самиот почеток на квалификациите и во првите два дела беа пред сите. Ферари како да ги штедеше своите болиди за третиот дел, но се покажа дека се немоќни.

Третиот дел започна како и претходните два бидејќи Ботас и Хамилтон одлично ги извозеа своите кругови и беше јасно дека токму тие двајца ќе се борат за пол позициите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот