Ботас и во 2020 година ќе вози за Мерцедес

EPA-EFE/SRDJAN SUKI

Тимот на Мерцедес конечно донесе одлука кој ќе му биде тимски колега на Луис Хамилтон, тоа е биде сегашниот возач, Валтери Ботас. Директорот на Мерцедес, Тото Волф, откри дека изборот се сведе на само две имиња, Валтери Ботас и Естебан Окон, а од тимот одлучија тоа да биде поискусниот возач кој сезонава е втор во генералниот пласман, зад Хамилтон на кого му се насмевнува шестата титула.

– Оваа сезона го предизвикавме Ботас да биде подобар од минатата, и тој успешно одговори на тој предизвик. На почетокот од сезоната возеше фантастично и заслужи да биде дел од тимот и во наредната сезона – изјави Волф.

Валетри Ботас пристигна во Мерцедес во 2017 година и досега оствари пет триумфи. Сезонава на почетокот возеше одлично, триумфира на две трки, четири пати стартуваше од пол позицијата и има уште четири втори места.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот