Ботас го спречи Хамилтон да дојде до 100. пол позиција во кариерата

Ботас беше најбрз на денешните квалификации во Мексико/ фото: EPA-EFE/JOSE SENA GOULAO

Возачите на Мерцедес, Валтери Ботас и Луис Хамилтон ќе стартуваат од првиот ред на трката за Големата награда во Портуалија. Ова ќе претставува 17. пол позиција за Ботас во кареирата, а притоа успеа да го спречи својот тимски колега Хамилтон да дојде до јубилејната 100. пол позиција во кариерата.

Третото најбрзо време во квалификациите го имаше возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен. Интересно е што овие тројца возачи, на првите три трки сезона по еднаш стартуваа или ќе стартуваат од пол позицијата.

Четврто најбрзо време имаше клупскиот колега на Ферстапен, Серхио Перез, додека од третиот ред на утрешната трка која ќе се вози на патеката Алгарве, ќе стартуваат Карлос Саинс (Ферари) и Естебан Окон (Алпин). Од седмата до десеттата позиција утрешната трка ќе ја започнат Ландо Норис (Мекларен), Шарл Леклер (Ферари), Пјер Гасли (Алфа Таури) и Себастијан Фетел (Астон Мартин).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот