Бостон веќе е во плејоф ритам, Јокиќ најдобар кога е најпотребно (ВИДЕО)

Никола Јокиќ /Фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Бостон селтикс одигра одличен натпревар како загревање за плејофот, ги растури Њу Џерси нетс давајќи им дури 149 поени.
Дури седум кошаркари на Бостон постигнаа двоцифрен број на поени, а најпрецизен беше Џејлед Браун со 21 поен, додека Тејтум уфрли 19 поени.
Со оваа победа Бостон го задржа третото место во Источната конференција со две победи повеќе пред Мајами хит, а воедно ова беше увертира пред дербито со шампионот Торонто репторс.

Колективна, односно тимска игра прикажа и шампионот Торонто во победата против Орландо од 109:99. Шест кошаркарки на Торонто постигнаа двоцифрен број на поени и уште еднаш потврдија дека иако сезонава се без Каваи Ленард, повторно се меѓу фаворитите за пласман во големото финале.

ЛА Лејкерс откако претходната вечер го обезбеди првото место во Западната конференција се опушти и загуби од Оклахома притоа постигнувајќи само 86 поени. Интересно е што лејкерси во ниту еден момент не водеа на овој натпревар. Ветеранот Крис Пол со 21 поен ја предводеше Оклахома која се наоѓа на делба на петтото место во Западната конференција.

 

Денвер нагетс благодарние на Мајкл Портер јуниор и Никола Јокиќ со 132:126 го совладаа Сан Антонио. Јокиќ беше одлично чуван во првото полувреме и одговорноста ја презеде Портер јуниор кој натпреварот го заврши со 30 поени и 15 скокови. Но затоа во второто полувреме кога беше најпотребно, во последните четири минути се разигра Јокиќ и ја одржуваше предноста од 6-7 поени до крајот на натпревари. Србинот натпреварот го заврши со 25 поени и 11 асистенции и само 4 скока.

Резултати:
ЛА Лејкерс – Оклахома сити 86:105
Орландо – Торонто 99:109
Бостон – Бруклин 149:115
Јута – Мемфис 124:115
Денвер – Сан Антонио 132:126
Филалделфија – Вашингтон 107:89

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот