Бостон ги посрамоти Џејмс и Лејкерси (ВИДЕО)

Натпреварот на двете најтрофејни екипи во НБА лигата му припадна на Бостон кој славеше со 32 поени разлика.

Кошаркарите на Бостон на најдобар можен начин ја прекинаа серијата од три порази во низа, со убедлив триумф од 139:107 над ЛА Лејкерс.

Неизвесноста на овој натпревар беше присутна само во првата четртина која Бостон ја доби со 33:30, а потоа разлика постојано се зголемуваше и на крајот таа изнесуваше 32 поени.

Најдобар во победничкиот тим беше Џејсон Тејтум со 27 поени, а го следеа Вокер и Браун кои дадоа по 20 поени, додека кај Лејкерси целосно потфрлија Леброн Џејмс и Ентони Дејвис. Џејмс постигна само 15 поени, а Дејвид беше полош, даде само девет поени.

Неверојатна вечер во НБА имаше Демиен Лилард кој во победата на неговиот Портланд од 129:124 над Голден Стејт постигна дури 61 поен.


Резултати:
Бостон – ЛА Лејкерс 139:107
МИнесота – Денвер 100:107
Феникс – Сан Антонио 118:120
Јута – Индијана 118:88
Портланд – Голден Стејт 129:124
Хјустон – Оклахома сити 107:112
Мемфис – Њу Орлеанс 116:126
Мајами – Сакраменто 118:113
Милвоки – Чикаго 111:98

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот