Босна и Херцеговина е на трето место во светот според бројот на смртни случаи од ковид-19

epaselect epa08678620 Morgue workers wear personal protective equipment (PPE) as they prepare a body of Covid-19 victim for a funeral ceremony at the Cekmekoy morgue in Istanbul, Turkey, 18 September 2020. Turkish authorities have now allowed the reopening of restaurants, cafes, parks and beaches, as well as lifting the ban on inter-city travel, as the country eases the restrictions it had imposed in a bid to stem the spread of the ongoing pandemic of the COVID-19 disease caused by the SARS-CoV-2 coronavirus. EPA-EFE/ERDEM SAHIN

Босна и Херцеговина е трета во светот според бројот на смртни случаи од ковид -19 или последиците поврзани со инфекција со коронавирус – според Универзитетот Џон Хопкинс, кој спроведува детална анализа на сите параметри на пандемијата.

Босна и Херцеговина има 266,28 смртни случаи на 100 000 жители, а поголема инциденца имаат Чешка и Унгарија, кои се на второто и на првото место според овој параметар.

Северна Македонија е на шестото место на листата според која од почетокот на пандемијата како последица на коронавирусот полчинале 5,109 лица.

Според податоците на овој универзитет, Босна и Херцеговина има 200.693 потврдени случаи од почетокот на пандемијата, починале 8.790 лица – што е 4,4 проценти.

Ниту една земја во Европа, дури ниту Чешка или Унгарија, нема поголем процент на смртни случаи.

Видео на денот