Босилкова Антовска: Свеста кај институциите за лицата со ретки болести од ден на ден е сè поголема

Утре е голем ден во семејството на ретките болести – Меѓународен ден на ретките болести. Како национална алијанса секоја година го одбележуваме, на оваа тема во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ говори Ања Босилкова Антовска, една од 25-те пациенти со Вилсонова болест кај нас.

-Целта ни е да зборуваме за ретките болести и да дадеме поддршка за сите лица со ретки болести. Она што го замисливме е една јавна акција, во која на големо платно ќе ставаме отпечатоци од дланки. Тоа е кампањата која оваа година се води. Петката (од дланката) значи дека од сите ретки болести кои постојат на светот за само пет отсто има лекови, а станува збор за 8.000 болести- вели во Ања Босилкова Антовска, една од 25-те пациенти со Вилсонова болест кај нас.

Како поминуваат годините мислам дека и народот станува посвесен, вели Антовска, пораката допира дека сме тука.

-Слухот од институциите се зголемува и имаме многу напредок и пред се свест во Министертствата за здравство, труд и социјала, образование, вели Ања. На дваесет години сосем случајно по бројни прегледи и откриваат Вилсонова болест- вели Антовска.

Денеска со терапијата која ја зема секојдневно, Ања вели дека и не се чувствува како пациент.

-Инаку Вилсоновата болест е една од малкуте ретки болести, кои ако навреме се дијагностицирани , пациентот може да има сосема нормален живот, да биде работоспособен, да биде активен чинител, а не товар за општеството. Ако уште во примарното здравство се препознае некој од широката палета на симптоми на Вилсон, тоа е предуслов за навремена дијагноза која спречува трајни несакани последици и фатални исходи- вели Антовска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот