Бошњаковски се сели во вила Водно

Фото: МИА

На денешната прес-конференција во Владата, портпаролот Миле Бошњаковски, соопшти дека ова е негов последeн прес во својство на владин портпарол и дека заминува во Кабинетот на претседателот на државата Стево Пендаровски каде ќе ја извршува функцијата генерален секретар.

Претходно „Слободен Печат“ пишуваше за големата преселба на политичари во вила Водно, а сега официјално е потврдено дека и Бошњаковски ќе биде дел од неа.

– Ми беше чест две години да соработувам со сите вас новинари, сниматели и фоторепортери. Се надевам дека соработката ќе продолжи во наредниот период во една друга форма. Простете доколку имало некоја грешка оти таа грешка доколку постоела немало никакви интенции за тоа односно пристапот беше кон сите ист – рече Бошњаковски заблагодарувајќи се на довербата на премиерот и на колегите од тимот со кој, како што рече, досега направиле над 100 прес-конференции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот