Бошњаковски: Нема никаков документ со кој Турција не условува за НАТО

Министерот за национална одбрана на Р. Турција - Хулуси Акар, Министерката за Одбрана на Македонија - Радмила Шеќеринска, Премиерот на Македонија - Зоран Заев

Нема никаков документ од страна на Република Турција за условување на ратификацијата на Протоколот за членството на Северна Македонија во НАТО, информираат од македонската Влада.

– Со Република Турција имаме одлична соработка во полето на одбраната и сме стратегиски партнери во рамките на НАТО Алијансата. Не постои никаков документ за условување на ратификацијата за нашето членство во НАТО од страна на Република Турција – изјави за „Слободен печат“ портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски.

Грчкиот весник „Катимерини“ денеска објави напис во кој пишува дека Турција наводно ја условува Северна Македонија за одложување на ратификацијата на Протоколот за членство во НАТО доколку Северна Македонија не екстрадира 15 турски државјани кои Анкара ги обвинува за вмешаност во неуспешниот државен удар на терористичката организација ФЕТО кој се случи на 15 јули 2016 година.

Во врска со ваквиот напис, Бошњаковски нагласи дека „Владата на Република Северна Македонија не коментира медиумски шпекулации“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот