Бошњаковски: Без договор меѓу Скопје и Софија нема начин да се тргне ветото

Македонија и Бугарија мора да постигнат договор за да се одблокира процесот за членство на Македонија во ЕУ, вели аналитичарот Владимир Бошњаковски.

– Без постигнување на некаков заеднички договор нема начин на кој што може да се издејствува тргање на ветото. Приказните за меѓународен притисок кон Бугарија досега требаше да разбереме дека не се реални, односно дека се базираат на едно преценување на моќта на одредени западни земји во внатрешната политика на други земји. Сепак, се надевам дека слабиот резултат на ВМРО-БНД ќе прати јасна порака на бугарските политичари дека бугарските граѓани не го толкуваат неконструктивниот однос кон Македонија како патриотски чин. Тоа може да ги направи условите за постигнување договор поблагопријатни, што е во најголем интерес на двете држави и народи – вели Бошњаковски за „Слободен печат“.

Двете земји периодов ги градат своите позиции околу португалскиот предлог што им беше испорачан пред две седмици и кој уште се држи во тајност. Бугарскиот претседател Румен Радев пред ЕК нагласи дека тие бараат Скопје да предложи и патоказ кој ќе биде усогласен со нивната декларација од парламентот со кој се негира македонскиот идентотет и јазик, а Заев му порача на Брисел дека за македонскиот јазик и идентитет нема да се разговара и по цена земјата да се откаже од преговорите со ЕУ.

Премиерот Зоран Заев најави интензивни средби со бугарските претставници до 22 јуни кога се очекува одлуката на самитот на ЕУ, а ВМРО-ДПМНЕ најави протести и блокади, обвинувајќи ја власта дека ќе ја прифати негаторската бугарска декларација како услов да ги почне преговорите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот