Бошкоски го повика Мицкоски на ТВ дуел: Ако сакате да се објасниме за хидроцентралите ви стојам на располагање

Водачот на партијата Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски го повика претседателот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на телевизиски дуел, притоа истакнувајќи дека од таа партија „биле опседнати со него“ и „ширеле многу дезинформации“.

– Во последно време некако сте опседнати со мене, па се почесто го изговарате моето име, а притоа морам да констатирам дека не сте добро информирани и намерно или не, ширите дезинформации. Јас, како основач на ВМРО-ДПМНЕ и човек кој е 30 години ВМРО, со цела почит кон Вас, ама не ве познавав до неодмана и прв пат ве видов на телевизија пред некое време – вели Бошкоски.

Бошкоски потоа го критикуваше Мицкоски, истакнувајќи дека „треба да разликува што е министер за странски инвестиции, а што советник за странски инвестиции“.

Но, побитно е дека како човек кој замислува дека ќе стане некогаш премиер, треба да разликувате што е министер за странски инвестиции, а што е советник за странски инвестиции. Јас не сум министер за странски инвестиции, туку сум советник на премиерот за странски инвестиции. Господине Мицкоски, тоа значи дека јас советувам, немам обврска да носам странски инветиции. Но и покрај тоа, инвестиции има да ги броите цел ден, дел донесени и од мене. Сите се дојдени поради добрата бизнис клима која се создаде после пеколот што го направи вашиот ментор во бегство. Инвестиции има поради крајот на еден режим за кој вие по се изгледа уште не сте свесни со оглед дека кажувате за методи за влечење некого
за ракави – додава Бошкоски.

Лидерот на Обединети за Македонија, потоа го повикува Мицкоски на телевизиски дуел, во кој очекува тие да разговараат за инвестициите и хидроцентралите.

– Со сета почит, господине Мицкоски, но мислам дека малку сте ја згрешиле стратегијата. Сега е дозволено и добро е да се критикува, но пред тоа треба да се извините и да се оградите од досегашното владеење на вашиот ментор. Без тоа, господине Мицкоски, со сета почит и најдобронамерно сакам да ви кажам дека вашиот рок на траење ќе биде само уште неколку месеци. Доколку сакате да се објасниме за инвестициите, вклучувајќи ги и тие во хидроцентралите ви стојам на располагање, на било која телевизија и во било кој термин. Ако сте толку убедени дека сте лидер, прифатете ја поканата и очекувам
многу брз одговор – соопштува Љубе Бошковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот