Бошкоски бил депресивен во затворот „Скопје“

-По два дена од неговото приведување разговаравме. Добив податоци дека бил уапсен во некоја кафеана и дека тоа го доживеал многу стресно, вознемирувачки, со страв. Имаше депресивен поглед. Констатирав дека се работи за нарушен психички статус што е вообичаен при вакви стресни ситуации – изјави денеска психијатарот Мирко Треневски на рочиштето за случајот „Тортура“.

-Не сакаше да се навраќа на тие ситуации, бидејќи самото помислување на апсењето му предизвикуваше стрес. Кај него доминираше анксиозност, загриженост, разочараност, страв. Ми предочи за депресивни идеи, а потоа и за суицидни идеи. Заклучив дека се работи за посттрауматско стресно  растројство – изјави психијатарот Мирко Треневски, кој во истражниот затвор „Скопје“ разговарал со Љубе Бошкоски, по неговото приведување за случајот „Кампања” во 2011 година.

Ова тој денеска го изјави на рочиштето за случајот „Тортура“. Во случајот „Тортура“ ообвинет е екс-директорот на УБК, Сашо Мијалков, и уште неколкумина полициски припадници, кои се гонат за нечовечко апсење на Бошкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот