Бошко Обрадовиќ продолжи со штрајк со глад и очекува СзС да биде во активен бојкот

Според него, целта на разговорите би било одлагање на изборите за шест месеци, бидејќи за нив сега нема „ниту здравствени, ниту демократски услови”.

Лидерот на Двери, Бошко Обадовиќ, откако ја мина ноќта во собраниската канцеларија изјави дека го продолжува штрајкот со глад на скалите пред српскиот Парламент.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Обрадовиќ побара „една исклучително разумна и конструктивна работа, а тоа е разговор помеѓу власта и опозицијата”, која, како што кажа, не може да биде организиран од претседателот на Српската напредна партија (претседателот на Р.Србија) Александар Вучиќ, затоа што тој за опозицијата веќе нема авторитет ниту може да му се верува.

Обрадовиќ побара тоа да биде неутрална личност, кој не е во политиката, за кого обете страни ќе се согласат дека може да ги покани на разговари, додавајќи дека во тој случај е подготвен во секој момент да одговори на поканата за разговор.

Според него, целта на разговорите би било одлагање на изборите за шест месеци, бидејќи за нив сега нема „ниту здравствени, ниту демократски услови”.

Обрадовиќ оцени дека очекува неговиот повик за активен бојкот на изборите да наиде на „позитивен” одговор кај опозицијата, бидејќи „со седење дома и со молчење ништо не може да се измени”.

Синоќа и утринава лидерот на Двери, го посетија лидерите на опозициските партии од коалицијата Сојуз за Србија (СзС), Драган Ѓилас, Борко Стефановиќ, Жељко Веселиновиќ и други.

Паралелно со Обрадовиќ, на скалите на српското собрание од вчера штрајкува со глад и независниот пратеник Миладин Шеварлиќ, кој бара Собранието да расправа за нарушувања на територијалниот интегритет и суверенитет на Србија и непочитување на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ООН за Косово.

Исто така од вчера на другиот крај на скалите на влез во собранието штрајкуваат и пратениците на владеачката партија СНС Александар Мартиновиќ и Сандра Божиќ, кои бараат „обвинителството да реагира на фашистичките испади на Обрадовиќ”, мислејќи на инцидентот пред три дена и расправијата меѓу Обрадовиќ и Двери и пратеникот на СНС Марјан Ристичевиќ.

Истото барање го упати и првиот спикер на собранието Маја Гојковиќ, која оцени дека „штрајкот на Обрадовиќ е лошо режирана престава.”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот