Босанските обвинители побараа отворање на случај  за кривична одговорност  против Додик

Милорад Додик / Фото: EPA-EFE/SZILARD KOSZTICSAK

Обвинителството на Босна и Херцеговина побара отварање итен случај против членот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, заради загрозување на територијалниот интегритет и загорзување на највисоките државни институции.

Ал џезира јавува дека ова го потврдиле неколку обвинители но дека сега се чека официјално околу подигањето на обвинението да се произнесе и главниот државен обвинител Гордана Тадиќ .
Според утврдената постапка, тој не може да формира случај по службена должност, туку дека тоа треба да го сторат надлежните обвинители.

„Почитувани, во врска со медиумските настапи на членот на Претседателството на БиХ Додик, Милорад, во кој тој изразува закани за територијалниот интегритет и највисоките институции на БиХ, на начин што ги исполнува карактеристиките на кривичното дело од Поглавјето XVI од Кривичниот законик на БиХ, иницирам итно формирање на случајот, се со цел навремено дејствување на Обвинителството на БиХ и кривична заштита на интегритетот на БиХ “, изјави Обвинителот Џермин Пашиќ кој е иницијатор на подигањето на обвинението против членото на претседателството на БиХ Милорад Додик.

 

Коментирајќи го барањето на обвинителот Пашиќ, за покренување на негова кривична одговорност, Милорад Додик изјави дека државните обвинители и судии работат во неуставни институции.

Тој, исто така, посочи дека оваа иницијатива во Обвинителството на БиХ е покрената по налог на Партијата за демократска акција (СДА) и нејзиниот лидер Бакир Изетбеговиќ.

Додик оцени дека, покрај работата во неуставни институции, „судиите и обвинителите никогаш не се побуниле против она што го нареди партијата на Изетбеговиќ СДА“ и дека „не забележуваат дека ниту Судот ниту Обвинителството на БиХ не се дел од Уставот, кој треба биде врховен правен акт. “, пренесува Фонет.

„Милорад Додик е член на Претседателството на БиХ, институција предвидена со Уставот на БиХ. Во кој член од Уставот се институциите во кои работат обвинителите и судиите на БиХ, ги прашувам јавно. Не мораат да ми одговараат, нека си одговорат сами “, рече Додик, за државната телевизија на Република Српска РТРС.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот