Босанскиот наркобос Гачанин е ослободен, но никој не знае каде е сега

Тито Гачанин/ Фото Јутуб принтскрин

Шефот на моќниот нарко картел Един Гачанин Тито (40) е ослободен, пишуваат холандските медиуми. Гачанин е шеф на картелот Тито и Дино, кој работи во Дубаи, а инаку е од Босна и Херцеговина. Гачанин има и холандско државјанство.

Тој беше уапсен во Дубаи во огромна меѓународна операција со кодно име „Пустинска светлина“. Холандија побара негова екстрадиција, па околностите под кои бил пуштен нарко босот не се сосема јасни.

Наводно, картелот Тито и Дино сочинува една третина од трговијата со кокаин во Европа. Два месеци по апсењето, Гачанин и Холанѓанецот Зухаир Б. не биле екстрадирани и се на слобода. Медиумите во Холандија пишуваат дека не се ни знае каде е сега Гачанин.

Холандскиот портал АД пишува дека државата во рок од 40 дена морала да поднесе образложено барање за екстрадиција. Но, според извори блиски до истрагата, тој рок е истечен. Но, наведуваат дека според податоците на државното обвинителство не се работи за грешка. Барањето за правна помош е доставено до Обединетите Арапски Емирати навреме и правилно, пренесува Аваз.

„Ги знаеме приказните за доставување документи предоцна. Тоа не е точно. Работиме да откриеме што точно е причината“, рече портпаролот на обвинителството.

Тој додаде дека постапката за екстрадиција е одбиена и дека Гачанин е на слобода од 29 декември. „Еден ден подоцна тој повторно беше забележан на меѓународно ниво. Не знаеме каде е во моментов“, рече портпаролот. Адвокатот на Гачанин, Леон ван Клиф, вели дека тој не исчезнал и дека е ослободен согласно законот.

„Се чека екстрадициона постапка“, рече адвокатот. Друг адвокат вели дека морал да плати и кауција за да излезе од затвор. За случајот Зухаир Б., постапката за екстрадиција се уште е во тек, иако тој може да го чека на слобода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот