Босански репрезентативец тешко повреден во сообраќајна насреќа

Според весникот „Дневни Аваз“, поранешниот капитен на фудбалската репрезентација на БиХ, Емир Спахиќ, е тешко повреден во сообраќајна несреќа кај Требиње, Република Српска. Тој моментно се наоѓа на интензивна нега, а наскоро се очекува Спахиќ да биде префрлен во Сараево.

Емир Спахиќ има 94 настапи за репрезентацијата на БиХ, а беше дел од дебитантскиот настап на БиХ на Мундијалите, на СП во Бразил 2014 година.
Тој има настапувано за екипите на Челик, ГОШК Дубровник, Загреб, Шиник од Русија, Торпедо и Локомотив Москва, Монпелје, Севиља, Анжи, Баер Леверкузен и Хамбургер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот