Босански професор по гитара сексуално злоставувал деца

Сексуално злоупотребување илустрација/ Фото Top Channel

Босанската полиција уапси 75-годишниот наставник по гитара од Тузла со иницијали П.С. Тој е осомничен за сексуално злоставување на деца.

„Обвинителот му предложи на Општинскиот суд во Тузла на Станковиќ да му се изрече едномесечен притвор. Тој е осомничен за продолженото кривично дело блуд и продолженото кривично дело обљуба со злоупотреба на положбата“, изјави на прес-конференција во Тузла Адмир Арнаутовиќ, портпарол на Обвинителството.

Поконкретни информации за овој случај не се објавуваат со оглед на тоа дека станува збор за малолетници.

„Извештајот го добивме на крајот на ноември и заедно со МУП презедовме низа истражни дејствија, го отворивме овој случај, а потоа беа извршени претреси на две локации – во Тузла и Лукавац, односно станот и викендичката кои се користат од осомничениот“, рече Арнаутовиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот