Босанците се во игра за ЕП, Финска „прегазена“! (ВИДЕО)

twitter.com/MtRoyalSoccer

Се одиграа нови четири натпревари од квалификациите за ЕП 2020 година, репрезентацијата на Босна и Херцеговина токму против директниот конкурент моментно за второто место на домашен терен со 4:1 славеше против Финска.

Босанците со овие три бода остануваат во игра за учество на континенталниот собир, но ќе им требаат уште победи до таа втора позиција на која и натаму се наоѓаат Финците со 12 бодови, сега само два повеќе од БиХ.

На теренот во Зеница Хајровиќ донесе водство во 29 минута, а од пенал зголеми Пјаниќ. Играчот на Јувентус по вторпат се запиша во листата на стрелците во 58 минута, а Хоџиќ беше стрелец на четвртиот погодок. Гостите успеаја само да го ублажат поразот преку Похјанпало.

Романците ја оправдаа фаворитската улога кај Фарски острови (0:3), потоа Данска благодарение на Поулсен дома триумфираше над Швајцарија, а без голови одиграа Грузија и Ирска. Романија е второпласирана во групата „Ф“ со два бода повеќе од Швеѓаните, а Данците се израмнија на врвот во групата „Д“ со Ирците.

Вечерва од 20.45 часот ќе се играат четири мечеви, Италија-Грција, Лихтенштајн-Ерменија, Малта-Шведска и Норвешка-Шпанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот