Босанците најдоа пари и ќе играат на ракометното ЕП

фејсбук

Оваа информација ја соопшти претседателот на Ракометната федерација на БиХ, Маринко Умичевиќ кој откри дека во последен момент се собрани потребните финансиски средства.

– Можеби ќе одиме со празни џебови, но се надеваме дека ќе успееме барем на ракометарите да им обезбедиме дневници. Го плативме хотелсткото сместување и патот, исто така обезбедивме и опрема од реномиран домашен производител – изјави Умичевиќ.

Настапот на БиХ на Европското првенство до пред неколку дена беше под знак прашалник бидејќи федералната управа за јавни приходи и ја блокира сметката на Федерацијата поради долг од околу 850.000 евра.

Репрезентацијата на БиХ се наоѓа во силната група Д каде се и селекциите на Франција, Португалија и домаќинот Норвешка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот