Бос и во кратки панталони, вака организираше пречек Еди Рама (ФОТО)

Твитер

Новинарот на престижната европска телевизиска мрежа „Euronews“, Џек Парок, објави фотографија заедно со албанскиот премиер Еди Рама, додека реализираше интервју со него во албанската владина вила во Дермија.

Но, надвор од интервјуто и дискутираните прашања, на новинарот му го привлече вниманието облеката на премиерот Рама. Во неговата порака, тој со следбениците споделува фотографија со Рама кој се појавува во облека која воопшто не е формална.

Токму тоа го натера познатиот новинар да му посвети статус на „Твитер“, а меѓу другото пишува дека Рама ги пречека „пријателите“ бос и во кратки панталони.

„Ова не беше вообичаено политичко интервју. Премиерот на Албанија нè прими во неговата летна резиденција, бос и во кратки панталони. Нашето интервју се фокусираше на потенцијалот на Албанија за започнување на разговорите за пристапување во ЕУ. Интервјуто ќе се емитува во Euronews во наредните денови “, пишува новинарот, пренесува Балканвеб.

Твитер
Твитер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот