Борусија потврди, Мален е нов „милионер“

EPA-EFE/JEROEN PUTMANS

Германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд потврди дека нов член на екипата е холандскиот репрезентативец Донел Мален.

Во последните неколку дена, германските медиуми интензивно пишуваа дека Мален ќе биде замената за Џејдон Санчо кој потпиша за Манчестер јунајтед, а денеска дојде потврда на овие пишувања. Борусија му плати 30 милиони евра обесштетување на ПСВ Ајндховен, а главен победник изеле контроверзниот агент Мино Рајола кој во Дортмун ги спои своите клиенти, Донел Мален и Ерлинг Халанд.

Иако има само 21 година, Мален има одиграно 116 натпревари за првиот тим на ПСВ Ајндховен на кои постигна 55 гола и имаше 24 асистенции.
Освен Борусија Дортмунд како можна дестинација за Мален се споменуваше Премиер лигата од каде неколку екипи доставиле понуди за холандскиот репрезентативец, но не е исклучено тоа да е „игра“ на Мино Рајола само за да ја крене цената на својот играч.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот