Борусија ја намали цената за Санчо, англиските екипи на готовс
Каталонскиот весник „Спорт“ објави дека Борусија Дортмунд е подготвена да се раздели со Џејдон Санчо ова лето и поради тоа ја намали сумата која ја бара за негов трансфер.
Бундеслигашот минатата година бараше 130 милиони евра за англискиот репрезентативец, но ова лето сумата ќе биде помала. „Спорд“ повикувајќи се на добро известени извори, тврди дека Борусија е подготвена да го пушти Санчо за 90 милиони евра.
Наводно клубот постигнал џентлменски договор со Санчо според кој ќе му дозволи на фудбалерот да си оди од „Сигнал Идуна Парк“ доколку некоја екипа понуди 90 милиони евра.
Оваа вест расположи неколку англиски екипи кои се заинтересирани за англискиот репрезентативец. Манчестер јунајтед одамна пројавува интерес за Санчо, но минатата година не сакаше да плати 130 милиони евра, но сега кога сумата е помала за 40 милиони евра, сигурно е дека ќе се обидат да го донесат англискиот репрезентативец.
Исто така сериозен интерес пројавува и Ливерпул чии сопственици ја увидоа грешката од минатата година и по освојувањето на титулата во Премиер лигата не беа премногу активни на трансфер пазарот и ова лето планираат далеку поголеми инвестиции во играчкиот кадар.