Борусија Дортмунд конечно открива колку изнесува откупната клаузула за Халанд

Ерлинг Халанд ќе ги брани боите на Манчестер сити/ фото: EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Директорот на „милионерите“ Ханс-Јоаким Вацке во интервју за „Билд“ конечно проговори за темата која ги загрижува навивачите, односно што стои во договорот со Ерлинг Халанд,и дали навистина постои клаузула според која Норвежанецот може да си замине за само 75 милиони евра во 2022 година.

Халанд во јануари годинава пристигна во Борусија Дортмунд од Салцбург и веднаш покажа зашто многумина го нарекуваат чудо од дете.

Во првите три натпревари постигна седум гола по што гигантите веднаш почнаа да вршат притисок врз „милионерите“ да се согласат на трансфер.

Халанд потпиша четиригодишен договор со Борусија Дортмунд, но веќе се наоѓа на мета на екипи како Реал Мадрид, Манчестер јунајтед, Јувентус, ПСЖ кои се подготвени веднаш да платат 75 милиони евра бидејќи медиумите објавија дека токму толку изнесува неговата откупна клаузула.

Сите дилеми ги разреши Вацке кој открива дека не постои таква клаузула.
Не постои никаква клаузула од тој тип во договорот. Клубот има цел Халанд долги години да остане кај нас и сакаме тој и неговите советници да имаат идентично мислење. Мислам дека и за него е подобро да остане во Борусија, дека е премногу рано да размислува за наредниот чекор во кариерата – открива Вацке.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот