Борусија Дортмунд ја најде замената за Халанд, веќе започна преговори со Бенфика

Дарвин Нуњез сезонава игра фантастично во дресот на Бенфика/ фото: EPA-EFE/MIGUEL A. LOPES

Управата на Борусија Дортмунд се надева дека ќе успее да го задржи Ерлинг Халанд барем на уште една сезона, но во исто време го подготвува теренот за извесното сценарио за разделба со одличниот напаѓач и ја започна потрагата по негов наследник.

Во договорот на Халанд има клаузула според која напаѓачот идното лето може да си замине за само 75 милиони евра, што е сума која гиганти како Реал Мадрид, ПСЖ, Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Челси, без проблем ќе ја платат.

Поради тоа, „милионерите“ ја започнаа потрагата по наследникот на Халанд и него го пронајдоа во Бенфика. Станува збор за Уругваецот Дарвин Нуњез.

Нуњез сезонава експлодираше во дресот на Бенфика и на 16 натпревари постигна 11 гола во сите натпреварувања.

Освен Борусија Дортмунд, интерес за Нуњез пројавуваат и Манчестер сити, Атлетико Мадрид и Милан, но шефот на скаутите на „милионерите Маркус Пилава е забележан како разговара со агентот на фудбалерот, Едгар Ласалвија.

Проблем за Борусија Дортмунд и останатите заинтересирани екипи е откупната клаузула која изнесува 150 милиони евра. Оваа сума никој нема да ја плати, и се очекува за сума од 100 милиони евра, Бенфика да се согласи на продажба на Нуњез кој има договор со португалскиот тим до 2025 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот