Борусија Дортмунд го потврди трансферот на Џан

tviter

Германскиот репрезентативец во зимскиот преоден рок дојде на позајмица од Јувентус.

„Милионерите“на неколку часа пред првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите против ПСЖ, го потврдија трансферот на Емре Џан од Јувентус. Германскиот репрезентативец потпиша четиригодишен договор со „Милионерите“ кои му платија 25 милиони евра на Јувентус.


Џан во Дортмунд пристигна во јануари на позајмица со можност за откуп на договорот за 25 милиони евра и се очекуваше германскиот тим тоа да го стори по завршување на сезоната, но управата се одлучи да го забрза процесот и веднаш да го купи 26-годишниот фудбалер.

Емре Џан во 2018 година пристигна во Јувентус, а претходно настапуваше за Баерн Минхен, Баер Леверкузен и Ливерпул.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот