Борусија Дортмунд го одреди наследникот на Халанд доколку Норвежанецот си замине идното лето

Ерлинг Халанд се очекува наскоро да потпише за Манчестер сити/23 септември 2021 година/ фото: EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Ерлинг Халанд продолжува со фантастичните игри во дресот на Борусија Дортмунд со што го зголеми интересот на гигантите кај кои сигурно ќе биде мета број еден идното лето.

Но, ниту германскиот тим не седи со скрстени раце и веќе одреди кого сака да го донесе како замена за Халанд. Според италијански „Калчомеркато“, Борусија доколку идното лето остане без Халанд, сака на „Сигнал Идуна Парк“ да го донесе фудбалерот на Јувентус, Федерико Киеза.

Киеза имаше одличен настап на Европското првенство и е еде од најзаслужните што Италија ја освои титулата. Според „Калчомеркато“, Јувентус е подготвен да го продаде Киеза доколку Борусија понуди рекордна сума.

Киеза во Јувентус пристигна 2020 година од Фиорентина, а „старата дама“ ова лето веќе одби понуди од Челси и Ливепрул кои беа подготвени да платат и 100 милиони евра за траснферот на италијанскиот репрезентативец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот