Борусија Дортмунд е магнет за талентирани фудбалери, повторно ги надмудри гигантите

twitter/Chelseafc Official

Германскиот тим се покажа како одлична средина за младите и талентирани фудбалери кои сакаат да се развиваат на вистински начин.

„Милионерите“ успеаја Џејдон Санчо да го направат еден од најдобрите млади фудбалери кој вредноста на трансфер пазарот му се зголеми за најмалку 16 пати откако го носи дресот на германскиот тим.

Последен случај е норвешкото чудо од фудбалер, Ерлинг Халанд кој во зимскиот преоден рок одлучи да потпише токму за Борусија Дортмунд иако огромен интерес за него имаше од екипи како Манчестер јунајтед.

Сега „милионерите“ ја добија битката со многу побогатите екипи како Челс и Манчестер сити и тоа за англиски фудбалер. Според „Билд“, фудбалерот на Бирмингем, Џад Белингем, е пред потпис со Борусија Дортмунд.

Младиот Англичанец има само 16 години и е проценет на дури 35 милиони фунти бидејќи со своите игри ги воодушеви сите англиски екипи но и гигантите од Европа.

Сепак, Белингем верува дека Дортмунд е идеалниот тим за него бидејќи смета дека ќе добие доволно шанси да заигра и тоа во силна лига како Бундеслигата. Младиот фудбалер се надева дека ќе тргне по стапките на Санчо кој на 17 години дојде во Борусија и по само три сезона стана еден од најдобрите фудбалери во Европа.

Дека „милионерите“ се магнет за талентираните фудбалери доказ е дека во трката по Белингем тие успеаја да ги победат Манчестер јунајтед и сер Алекс Фергусон кој лично разговараше со младиот фудбалер и неговото семејство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот