Борко Ристовски со исказ на рочиштето за упадот во Собрание: Ниту ги познавам Јанакиески и Спиро Ристовски, ниту ме контактирале

Instagram
Instagram

На денешното рочиште за организаторите на упадот на 27 април во 2017 година, свој исказ даде и македонскиот ракометен репрезентативец Борко Ристовски. Пред присутните истакна дека во тој период не живеел во земјата поради неговиот клупски ангажман во странство, за случувањата во земјата се информирал преку интернет, а социјалните мрежи ги користел за морална поддршка како Македонец.

– Ниту ги познавам Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, ниту ме контактирале. На социјалните мрежи давава само морална поддршка, како Македонец, рече Борко Ристовски.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот