Борисов: Законите се исти за секого, но очигледно со исклучок за претседателот Радев

„Ги повикувам сите Бугари да ги почитуваат и следат прописите на здравствените власти. Коронавирусот е сериозна болест. Сите министри и нивните тимови, јас и мојот тим, кои сме под карантин, строго го следиме насоките. Законите се исти за секого, но очигледно со некои исклучоци – претседателот (Румен) Радев, напиша бугарскиот премиер Бојко Борисов на својот Фејсбук профил.

„Само нему здравствените служби му дадоа неколку часа карантин  Јас не го прекршив мојот карантин и ги сменив сите планирани јавни настани. Луѓето не можат да бидат поделени според позицијата што ја имаат. Тоа значи владеење на правото”, објасни Борисов, пренесува БГНЕС.

Тој уште истакна дека Владата не крои буџет за избори.

„Ова е пост-изборен буџет за да може да има луѓе кои ќе продолжат да работат и да живеат во Бугарија. Само пред неколку месеци бевме обвинети дека не сме давале пари на луѓето. Сега развивме програми, најдовме средства преку европски програми, преку компензаторни механизми и на сите можни начини, вклучително и со даночни олеснувања. Додадовме повеќе пари на сите системи со цел да ја надминеме оваа страшна пандемија и сме обвинети за правење предизборен буџет”, појасни Борисов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот