13 C
Скопје

Борисов за шпионката од својата спална соба: За 15 минути ги сними парите и златото, таа е Мата Хари

Бугарскиот премиер Бојко Борисов во интервју за германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг” изјави дека фотографиите направени од неговата спална соба, каде се гледаат пари, злато и пиштол биле направени од жена.

„Фотографијата е направена во вилата во која живеам. Јас сум разведен и долго време живеам сам. Дали имам љубовен живот? Секако дека имам. Јас сум човек со човечки потреби“, рече Борисов.

Борисов сепак во интервјуто вели дека непромислено било тоа што со години кога му доаѓала на посета некоја жена, чуварите не ја претресувале нејзината ташна.

„Така моите непријатели ги прошверцуваа златото и парите во мојата куќа. Ме фотографираа додека спиев, а во друг момент го фотографираа мојот шкаф со парите и златото“, вели Борисов.

Прочитајте и...  ВИДЕО | Генерал потполковник Стојановски: За политиката не смее да има простор во Армијата – таа мора да има единствен пристап во решавањето на проблемите

Тој изјави дека жената која го посетувала ги шверцувала златото и парите откако чуварите ја пуштиле во куќата, а тој дошол 15 минути подоцна бидејќи имал интервју.

„Таа знае дека има 15 минути непопречена во куќата. Почнува да ги снима парите и златото и потоа се враќа во мојата спална соба. Како Мата Хари“, рече Борисов.

Бугарскиот премиер во интервјуто рече дека е успешен политичар, но неговиот приватен живот е неуспешен и поради тоа веќе не сака да види жена.

Борисов: Фотографиите од мојата спална соба се земени со методи на КГБ

Поврзани вести

Шахпаска: Се пријавуваат само 15 проценти од случаите на семејно насилство

Слободен печат

Министерот Спасовски на средба со претставници на Македонски полициски синдикат: Реновирани над 50 објекти на МВР

Слободен печат

„Доминион” бара оштета од Џулијани во висина од 1.3 милијарди долари поради тврдењата за изборен фалсификат

Илинка Иљоска

Пленковиќ: Дипломатијата околу вакцините се претвора во киднапирање

Слободен печат

Ангелскиот стас и глас засекогаш ќе живее во срцата и мислите на неговите фанови: Крушево го одбележа 40-иот роденден на Тоше

Слободен печат

Средба на Филипче со директорот на ГОБ „8 септември“, Костов: Дежурствата во ковид-одделенијата ќе се плаќаат 35 отсто повеќе

Слободен печат

Остави Коментар